Минатата недела во малата општина Ѓаково во Хрватска имало четири венчавки.
Ваква навалица не се памети долги години, и ова е необично за такво мало место.
Но, овие брачни двојки откриваат дека животот за самците во Германија е скап и на овој начин сакаат да си олеснат во финансиска смисла.
Мештаните откриваат дека самците плаќаат високи даноци во Германија.
Со венчавање преминуваат во друга група, за плаќање на данок, и на тој начин заштедуваат околу 500 евра.