Финансии 26.09.2018 15:58

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари и за новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика

Плати од 97.000 денари ќе добива и новиот состав на Регулаторната комисија за енергетика. Тие неодамна на веб-страницата објавија колкави се примањата на сите членови на Комисијата. Сумите се однесуваат за основните нето-плати, но висината на надоместоците не е вклучена.

Новиот претседател на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски, зема основна нето-плата од 97.114 денари или над 1.500 евра. Заменик-претседателот Куштрим Рамадани има месечна нето-плата од 91.276 денари.

Петмина членови на Регулаторната комисија за енергетика земаат по 88.774 денари основна нето-плата. Во актуелниот состав на Комисијата членуваат Светлана Јаневска, Енвер Ељмази, Панче Орцев, Наташа Вељановска и Атанаско Тунески. Во Регулаторната сепак се вработени и уште дваесетина други лица, во стручната служба и како технички персонал. Просечната плата од вработен е 45.110 денари.