Откако животот и тргна наопаку, кога сопругот Лука Лазукиќ физички ја нападна ноќта меѓу 13-ти и 14-ти април, Наташа Беквалац воопшто не се огласуваше на социјалните мрежи, ниту, пак, во медиумите.
Поради судењето, кое би требало да почне наскоро, како и поради трауматичното искуство, пејачката се повлече во семејно опкружување, насочувајќи се кон ќерките Хана и Катја.
Меѓутоа, по месец и пол од немилиот настан, Наташа одлучи со своите обожаватели на Инстаграм да сподели фотографија снимена со своето бебенце кое го има токму со Лука. Беквалац добива голема поддршка од фановите и колегите во оваа нејзина битка. Таа неодамна објави и фотографија со нејзината постара ќерка со што покажа дека закрепнува