Актуелно 15.12.2018 14:00

Почина градоначалникот на Охрид

Почина градоначалникот на Охрид

Утрово на 48 годишна возраст почина градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски, пишува Сител.

Тој немал никакви здравствени проблеми, а неофицијално причината е инфаркт. Според првичните, неофицијални информации, тој починал додека го транспортирале од Општата болница во Охрид до Кардиолошкиот завод.

Официјално мандатот на градоначалникот на Општина Охрид, Проф. д-р Јован Стојаноски започна на 20.10.2017 година, после победата во првиот круг на Локалните избори 2017 година.

Стојаноски е автор на значаен број трудови и артикли од областа на Маркетинг, како и активно учество на голем број домашни и меѓународни семинари, конференции и конгреси.