Утрово во Сплит, легендарниот пејач од Хрватска, Оливер Драгојевиќ ја изгуби битката со тешката болест. Почина на 71-годишна возраст, после една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.
Драгојевиќ почина утрово во 5 часот во сплитската болница.
Зад себе остави безброј хитови кои со децении се пеат на овие простори.
Драгоевиќ до последно се бореше и не се откажуваше од борбата со тешката болест. До крајот не се откажа ни од музиката, беше позитивен дека музиката е лек и затоа секој момент го користеше да свири, пренесуваат хрватските медиуми.