Актуелно 12.08.2018 15:35

Почна бесплатното чистење на 100 оџаци во Скопје

Почна бесплатното чистење на 100 оџаци во Скопје

Кандидатите коишто ја посетуваат обуката за оџачари во средното училиште ГУЦ Здравко Цветковски, деновиве излегоа на терен и го почнаа бесплатно чистење на 100 оџаци на граѓаните што се пријавија на повикот на Градот Скопје. Обуката што ја организира Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија ја посетуваат 10 кандидати, ќе трае три месеци, а за времетраењето на обуката секој учесник ќе добива надомест од по 9.000 денари
месечно. По завршувањето, секој од кандидатите, покрај сертификат, ќе добие основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот. Засега во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45% од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.