Економија 05.09.2018 13:10

Погледнете ги петте најголеми трговски партнери на Република Македонија

Погледнете ги петте најголеми трговски партнери на Република Македонија

Република Македонија најмногу тргува со Германија, Грција, Велика Британија, Србија и Бугарија.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – јули 2018 година, чини 1.289.063.000 американски долари.Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари – јули 2018 година, изнесува 75,3 проценти.

Според објавените податоци Македонија најмногу извезувала катализатори на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821,1 и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица, вклучувајќи го и возачот, со мотор со внатрешно согорување со палење со помош на компресија (дизел или полудизел).

Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.