Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Кон крајот на денот и преку ноќта под влијание на студен и брз продор од север ќе има зголемување на облачноста проследено со слаби врнежи од дожд, а на планините од слаб снег.
Попладне и кон крајот на денот ќе дува силен северен ветер, локално со брзина и над 100 километри на час, што ќе услови нагло и значително опаѓање на температурата. Минималните температури ќе се движат од 0 до 9 степени, а максималните од 15 до 23 степени.
Во Скопје претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми и ќе дува силен северозападен ветер. Преку ноќта ќе има слаби врнежи од дожд. Температурата ќе се движи од 5 до 21 степен.
Во четврток се уште ќе дува засилен северен ветер и ќе биде студено, но сончево. Во петок и за време на викендот ќе преовладува суво време со студени утра, а дневните температури значително ќе се зголемат.