Актуелно 09.06.2018 09:59

Поповски: 0,1% раст на БДП значи стагнација на економијата односно на граница на рецесија

Поповски: 0,1% раст на БДП значи стагнација на економијата односно на граница на рецесија

Вчера на емисијата 360 на Алсат телевизија гостуваше Никола Поповски универзитеттски професор и поранешен министер за финансии. Имено, во емисијата се зборуваше за актуелните податоци кои беа објавени на страната на Државниот завод за статистика во врска со растот на БДП во првиот квартал кој изнесува поразителни 0,1 %

 

Никола Поповски кажа дека ваквиот раст бил изненадувачки за сите посебно поради фактот дека растот е многу низок односно фактички е 0 и значи стагнација.  Тој кажа дека македонската економија е на граница на рецесија.

Поповски потенцираше дека  многу позагрижувачки е фактот што споредбено со првото тромесечје во 2017 кое исто така беше нула во сите  останати   3 тромесечја имаше стагнација на  економија која се движеше околку нулата.

– Тоа значи дека втора година имаме 0 % стапка на раст или ако се врзат по тромесечија ова е 5 тромесечије во кое имаме 0 % на раст што е алармантно изјави Поповски.

Исто така тој  истакна дека никој не очекувал  ваквата предизвикувачка болна стагнација која се случуваше во цела 2017 година дека  ќе се продолжи и во првото тромесечје од 2018.

–  Уште поопасно  е тоа дека ние сега не знаеме што ќе се случи во кварталот кој сега за 20 дена завршува кажа Поповски.

Поповски во емисијата објасни дека владата води премногу интервенционистичка политика во економијата и дека пазарите се замрзнати. Тој изрази загриженост поради фактот што сите економии во светот и развиени, неразвиени и зејмите во развој растат во економска смисла додека Македонија стагнира веќе втора година по ред. Поповски кажа дека владата не се снашла најдобро во поволното економско окружување посебно поради фактот дека Европската Унија растеше со 2,5 % а Македонија е најмногу извозно ориентирана кој овој регион.

Исто така Никола Поповски кажа дека проектираниот  раст од 3,2 % за 2018 во реалноста тешко дека ќе се постине со овие резултати од првото тромесечје. Имено, како што кажа поранешниот министер и професор за да има раст од 3,2 % на крај на 2018 тогаш останатите 3 квартали ќе треба да растат по 4, 2 % што никогаш досега не се случило.