Живот 08.02.2019 22:43

Поради ова цел интернет е воодушевен од Безос кој беше фатен во неверство

Поради ова цел интернет е воодушевен од Безос кој беше фатен во неверство

Основач на Амазон, Џеф Безосз го обвини Нашнал Енквајер за изнуда и уценување, тврдејќи дека познатиот таблоид се заканил дека ќе ги објави неговите интимни приватни фотографии, доколку не се откаже од истрагата против овој весник.

Најбогатиот човеч на планетаа Џеф Безос и неговатра сопруга Мекензи Татл Безос минатиот месец објавија дека се разведуваат по 25 години брак на денот кога Нашнал Енквајер објави напис за аферата на Безос во кој се наведуваат детали од приватни пораки.

Во личниот блог на Медиум, Безос објави електронски пораки кои му ги проследител посредниците на Дејвид Пекер, директорот на „Американ Медиа“, во чијашто сопственост е Нашнал Енквајер, и во коишто се наведуваат компромитирачки материјали кои ќе бидат објавени доколку не се откаже од истрагата како весникот дошол до неговите веќе објавени приватни пораки.

Наместо да подлегнам на уцената и изнудата, решив да го објавам она што ми го испратија и покрај цената којашто ќе ја платам и срамотата со којашто се закануваат… Доколку јас, од позицијата што ја имам, не можам да ѝ се спротиставам на овој вид изнуда, колку луѓе можат? – напиша Безос на Медиум.

Педесет и петгодишниот Безос, кој во сите рангирања последните години е еден од најбогатите луѓе на светот, е сопственик на влијателниот дневен весник Вашингтон Пост.

Пишува дека сакале да ги присилат да објави соопштение според кое не верува дека постапката на таблоидот била политички мотивирана.

Порачаа дека имаат уште мои пораки и фотографии кои ќе ги објават, доколку не ја сопрам истрагата- пишува уште Безос.

Додава и дека „незапирливото пишување“ на Вашингтон Пост „за убиството на колумнистот Џамал Кашоги без дилеми е непопуларно во одредени кругови“.