Живот 09.10.2018 23:08

Милијардерот Безос ги учи вработените да донесат подобри одлуки

Милијардерот Безос ги учи вработените да донесат подобри одлуки

Состаноците во Амазон, една од најголемите компании на светот, почнуваат со тишина. Поточно, почнуваат така што сите ги читаат белешките напишани на шест страници, како приказна, на тема поради која и се состанале.

„За новите вработени, тоа е многу чудно почетно искуство“, рекол основачот на компанијата Џеф Безос, бидејќи не се навикнале да седат во тишина со група раководители.

Како што истакнал, читањето на почеток на состанокот, сите го почнуваат со исти информации, а резултат е дека луѓето внатре во компанијата се навикнуваат на донесување одлуки како пишана приказна.

Тој објаснува дека целосни реченици е потешко да се напишаат бидејќи тие имаат глаголи, додека пасусите имаат теми. Како вели, не постои начин да се напише приказна на шест страници, доколку не се размислува јасно.

Во интерна е-маил порака на својот тим во 2004 година Безос му објаснил зошто “Power Point”  презентациите ќе бидат заменети со наративни белешки.

„Наративната структура на добар меморандум допринесува за подобро размислување, подобро сфаќање на најважните ставки, но и начин на кој работите се поврзани“, напишал Безос.

Според неговите зборови, “Power Point” презентациите отфрлаат било каква смисла за поврзување на идеи.

Се осигурал враотените да сфатат дека важен е начинот на комуникација а не пишувањето.

Безос објаснил дека тие белешки не е лесно да се напишат, дека најдобрите белешки се пишуваат во соработка со колега дури и по неколку денови.

Исто така смета дека на тој начин се „штеди“ време.

„Раководителите често ги прекинуваат презентациите со поставување на прашања. Кога некој држи презентација тие поставуваат прашања и го прекинуваат говорникот, а одговорот можеби се наоѓа на некој од наредните слајдови. Кога ги чита белешките, ако на другата страна има прашање, го запишува, но можеби на пример, веќе на четвртата добива одговор“, истакнува Безос.

Извор: BIZLife, Forbes