Некатегоризирано 04.09.2018 09:07

Порошенко го раскинува договорот за пријателство со Русија

Порошенко го раскинува договорот за пријателство со Русија

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави синоќа дека планира до 30 септември да ја извести Русија дека нема да биде продолжен Договорот за пријателство, партнерство и соработка.

– Кога ќе добијам некои предлози од МО планирам да го свикам Советот за национална безбедност и Советот за одбрана пред 30 септември и планирам да ја известам Русија за тоа дека договорот нема да биде продолжен, изјави Порошенко на состанок со парламентарни групи.

Според него, договорот нема да биде прекинат туку нема да биде продолжен, бидејки прекин на договор е тешка и долга процедура. Украина и Русија во мај 1997 година потпишаа договор, но тој е на сила од април 1999 година.