Актуелно 29.06.2018 15:16

Поскапување од 2 – 3 денари по литар: Следниот понеделник повторно ќе рипне цената на горивата?

Поскапување од 2 – 3 денари по литар: Следниот понеделник повторно ќе рипне цената на горивата?

Во моментов барел нафта на берзата во Лондон се продава за 78,7 долари што е значително зголемување од околу 4 долари за барел во однос на цената од пред една недела. Барањето на САД земјите да запрат со увоз на нафта од Иран најавува ново зголемување на цената на светските берзи.

Во такви услови извесно е дека по два циклуси на поевтинување, за 10 дена, понеделник (09.07.), регулаторот ќе објави зголемување на цените.

Доколку се остварат најавите и до крајот на пресметковниот период, поточно идниот понеделник на 9 јули барел нафта надмине и 80 долари не треба да биде изненадување доколку значително пораснат малопродажните цени.

Иако е рано да се прогнозира, сепак реално е да се очекува поскапување за 2 до 3 денари по литар.