Актуелно 16.10.2018 09:22

ПОТФРЛИЈА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ: Каде ќе се вложат парите од Ребалансот?

ПОТФРЛИЈА КАПИТАЛНИТЕ ИНВЕСТИЦИИ: Каде ќе се вложат парите од Ребалансот?

Слабо троши Владата на капиталните инвестиции а прагот за раст на домашната економија ја спушти рампата подолу.

Владата го скори на буџетот за годинава со кој предвидува раст на македонската економија од 2,8 проценти наместо првично пректираните 3,2 отсто а најновата прогноза најверојатно ќе биде објавена следниот месец.

На потег сега е Централната банка според чии последни прогнози, растот годинава ќе биде 3,2 отсто, но на новите прогнози веќе се работи.

Упорно слаби со капиталните трошења, парите ќе се пренаменат кај општините

92 милиони евра е сумата за која ќе се скратат капиталните расходи а тие ќе бидат пренаменети за општините.

29 милиони евра ќе одат за Фондовите за пензиско и здравствено осигурување а 50 милиони евра од ребалансот на буџетот ќе добијат општините за да ги расчистат сметките.

Имено до осмиот месец годинава се реализирани само 23 отсто од проектираните пари за капитални проекти за годинава. Тоа не е ни четвртина од предвидената сума, иако бројките се за осум месеци. Во суми, Владата потрошила годинава само 91 милиони евра од планираните 391 милион евра.

Вкупните приходи за овие осум месеци изнесуваат 1,977 милијарди евра или собрани се околу 63 проценти од вкупно планираните. На расходната страна, реализацијата е исто така над 60 отсто за осум месеци. Сепак во овој дел, капиталните трошоци се потфрлени.

Од планираниот буџетски дефицит, Владата потрошила 37,5 проценти за осум месеци, или минусот во дрќавната каса изнесува 111 милион евра.

Најнови вести