Економија 01.10.2018 19:54

Потпишан додаток кон Сеопфатниот трговски и економски договор помеѓу ЕУ и Канада (СЕТА)

Потпишан додаток кон Сеопфатниот трговски и економски договор помеѓу ЕУ и Канада (СЕТА)

Европската унија (ЕУ) и Канада додадоа нова клаузула кон трговскиот договор меѓу нив, насочена кон климатските промени и потпишаниот во 2015-та година Париски договор за климатските промени, пишува „Euractiv“.

Еврокомесарот за трговските прашања Сесилија Малмстром и канадскиот министер за природни ресурси Џим Кар потпишаа додаток кон Сеопфатниот трговски и економски договор помеѓу ЕУ и Канада (СЕТА), која стапи во сила во 2017-та година.

Двете економии се согласија да ја „промовираат взаемната поддршка при политиките за трговијата и климатските промени, повикувајќи се на своите обврски кон мировен договор“.

Клаузулата ги дополнува одредбите на „СЕТА“ за соработка во областа на животната средина и нагласува изолацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за прашањата за трговијата и климатските промени.

Оваа вест дојде, откако францускиот претседател Емануел Макрон изјави за време на состанокот на ОН дека Парискиот договор не треба да служи за трговски зделки.

Според Малмстром секоја нова трговска трансакција треба да се потпира и на Парискиот договор за да се исполнат целите за намалување на емисиите на стакленички гасови во сите економски сфери.