Актуелно 27.02.2019 11:58

Потпретседателот на СДСМ Зекири го обвини Талат Џафери дека многу бил пијан на собраниската седница

Потпретседателот на СДСМ Зекири го обвини Талат Џафери дека многу бил пијан на собраниската седница

Потпретседателот на СДСМ Мухамед Зекири на својот Фејсбук профил објави видео и статус во кој директно го обвинува претседателот на Собранието Талат Џафери дека бил пијан за време на собраниската седница на која се одлучуваше за одземање на имунитетот на поранешниот претседател на Собранието Трајко Велјаноски.

-Се слушаш ли себеси Талат Џафери?!! „Немам предмет за гласање“, а на седницата „јас деловнички треба да применам на гласање во моментов…“

Како што изгледа пиел многу па заборава од момент на момент што збори

СРАМОТА, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Најнови вести