Актуелно 01.11.2018 14:22

Пожар во детската болницата во Козле

Пожар во детската болницата во Козле

Пожар изби утрово во детската болницата за белодробни заболувања во скопско Козле.

На терен реагирале и противпожарни екипи, а пожарот е веќе изгаснат. За среќа нема повредени лица.

– Опожарен беше аспираторот за вентилација во делот на кровната конструкција. Беше интервенирано со 2 возила и 5 пожарникари. Нема причинето поголема штета, а нема ниту повредени, изјави , командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески.