Утринава околу 7:45 минути избувнал пожар во Министерството за образование на булевар Св.Климент Охридски.
Причината за пожарот е клима-уред, пишува Макфакс.
Веднаш по пријавата било интервенирано со возило на противпожарната бригада со тројца пожарникари. Пожарот е ставен под контрола.
Пожарот зафатил околу 20 метри квадратни.