Актуелно 29.12.2018 12:54

Познат идентитетот на убиениот во Ѓорче Петров: Застрелан е со пиштол, едно лице приведено

Познат идентитетот на убиениот во Ѓорче Петров: Застрелан е со пиштол, едно лице приведено

На 28.12.2018 во 21:38 часот пријавено е дека на ул.„Шарпланинска“ во населба Даме Груев во Скопје, има лице кое лежи без знаци на живот и до него возило „Пасат“ со скопски регистерски таблички.

За возилото подоцна е утврдено дека е сопственост на Д. Н. (65).

Полициски службеници и јавен обвинител излегле на местото на настанот и преземени се соодветни мерки и активности. Утврдено е дека убиениот е  Д.Н. (38) од Скопје, а делото е извршено со огнено оружје.

Телото е предадено на обдукција.

Едно лице е приведено во полициска станица. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.