Актуелно 08.09.2018 19:43

Познат идентитетот на загинатото момче кај Плетвар, повредени уште две лица

Познат идентитетот на загинатото момче кај Плетвар, повредени уште две лица

Дваесет годишниот М.М. од охридското село Слатино е лицето кое попладнево загина во сообраќајната несреќа која се случила на патот Градско-Прилеп, кај Плетвар, информираат од МВР за Курир.

Од полицијата велат дека несреќата се случила околу 17:20 часот, а во истата учествувале автомобил „Фиат“ управуван од 45 годишната Н.К. од Крушево и мотоцикл „Јамаха“ управуван од 20 годишното момче.

По ударот, момчето починало на лице место, а смртта била констатирана од страна на екипа на Итна медицинска помош.

Возачот на Фиатот и сопатник од возилото со Брза помош се однесени во прилепската болница.