Познат лканец на аптеки ќе добие помалку пари за квоти за лекови на рецепт од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а на негова сметка повеќе ќе добијат некои помали фармацевтски субјекти, дознава Нова ТВ.
Според новиот модел кој го подготвува ФЗОМ за доделување на квотите, средните и малите аптеки ќе добијат повеќе квоти за лекови на рецепт.
„Тие што добивале повеќе средства, а се мисли на еден познат ланец на аптеки, сега ќе добиваат помалку и тие пари ќе бидат префрлени во други аптеки“, велат извори од ФЗОМ, за НОВА.
Според медиумот, тоа ќе ги збуни и купувачите кои веќе си создале свои навики во која аптека да одат, додека ФЗОМ се правда дека ваквиот начин ќе овозможи поголема флексибилност и рокот на квотите ќе трае повеќе од вообичаените петнаесет дена од месецот.