Живот 18.10.2018 13:18

Познат ланец на аптеки ќе добие помалку пари од ФЗОМ за квоти за рецепти

Познат ланец на аптеки ќе добие помалку пари од ФЗОМ за квоти за рецепти

Познат лканец на аптеки ќе добие помалку пари за квоти за лекови на рецепт од Фондот за здравствено осигурување на Македонија, а на негова сметка повеќе ќе добијат некои помали фармацевтски субјекти, дознава Нова ТВ.

Според новиот модел кој го подготвува ФЗОМ за доделување на квотите, средните и малите аптеки ќе добијат повеќе квоти за лекови на рецепт.

„Тие што добивале повеќе средства, а се мисли на еден познат ланец на аптеки, сега ќе добиваат помалку и тие пари ќе бидат префрлени во други аптеки“, велат извори од ФЗОМ, за НОВА.

Според медиумот, тоа ќе ги збуни и купувачите кои веќе си создале свои навики во која аптека да одат, додека ФЗОМ се правда дека ваквиот начин ќе овозможи поголема флексибилност и рокот на квотите ќе трае повеќе од вообичаените петнаесет дена од месецот.