Дваесет и три годишно момче од струшкото село Поум вчера доцна попладне пoчинa од истрели од огнено оpyжје.
Според информациите за „Алсат“ од СВР Охрид, настанот се случил вчера околу 18:40 часот , кога лицето У. В. (роден 1997) од с.Поум пукал кон З. Б. (1996) и В. Б. (1973) како и кон други лица.
23- ти годишниот З. Б. починал, а В.Б. е пренесен во општата болница во Струга. Лицето кое што пукало У.В. како што ни изјавија од полицијата сам се пријавил во Полицискста станица -Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, пренесе телевизијата.
Според неофицијални информации на Алсат, настанот се случил при сеча на дрва во околната шума. Неофицијално двете страни и од порано имале меѓусебни недоразбирања поврзани со имоти насадени со дрва.