Актуелно 15.02.2019 13:45

Позната состојбата на тешко повредените: Двајца се борат за живот, се одлучува дали на девојче да му се ампутира ногата

Позната состојбата на тешко повредените: Двајца се борат за живот, се одлучува дали на девојче да му се ампутира ногата

Двајца од повредените во големата сообраќајка во моментов се во многу лоша здравствена состојба. Приклучени се на респираторна машина и имаат повреди на повеќе системи.

Најголемите повреди кои ги имаат се на главите, но проценето е дека нема потреба во моментов од  хирушка интервенција.

Еден од нив има сериозна повреда на мозокот и лицевите коски, како и контузии на белите дробови.

И другите хоспитализирани се со повреди од повеќе видови. Дел од нив имаат повреди на градниот кош и на стомакот.

Докторите се собрани да донесат одлука за младата пациентка која е сместена на клиника со повреда на ногата. Повредите се сериозни, ногата е целосно згмечена. Една од опциите е нејзината нога да се амутира.

Двајца од повредените се префрлени на Интензивна нега. Станува збор за 15-годишно момче и 40-годишен маж, чија состојба се влошила вчера, Двајцата почнале да губат кв, па биле внесени во операциона сала.

Момчето по полноќ е оперирано по повреда на црн дроб. Крварењето во абдоменот е сопрено и операцијата поминала успешно.

40-годишникот имал повреда на дел од тенкото црево. Направена е ресекција. Двајцата во моментов се во стабилна состојба и дишат самостојно.