Мозаик 12.11.2018 20:20

Познатата јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција за 298.000 долари

Познатата јакна на Мајкл Џексон продадена на аукција за 298.000 долари

Познатата јакна на американската поп ѕвезда Мајкл Џексон, што ја носеше на првата самостојна концертна турнеја е продадена на аукција за 298.000 долари.

На аукцијата се продаваа и предмети на други музички легенди како Принс, Мадона, Џон Ленон.

Станува збор за јакна што Џексон ја носел на целата турнеја 1987-1989 година и на која е негов потпис со сребрена боја. Почетната цена беше 100.000 долари.

Неговата црвено-црна кожна јакна од спотот за Трилер, беше продадена во 2011 година за 1,8 милиони долари.