На 31.10.2018 година околу 18:30 часот во полициската станица во Куманово било пријавено дека на улица „Тоде Мендол“ во близина на маркет “Арди” по претходно настаната тепачка помеѓу две семејства и тоа Ф.Љ. (19), Д.Љ. (18), Ф.Љ.(61), Х.Љ. (23) и В.Љ. (48) од една страна и М. М. (55), Е.М. (49), М.М. (47), Џ.М. (30), Р.М.(28) и В.М. (57) од друга страна, било пукано од огнено оружје при што В.М. се здобил со повреди и бил пренесен во Ургентен центар во Куманово и потоа во комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје, каде им подлегнал на повредите.
М.М. (55) се здобил со убодна рана од нож, а неколку лица се здобиле со повреди од тврди предмети .
Увид на лице место е извршен од страна на Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Куманово.
Ф. Љ., Д. Љ. и Ф. Љ. сами се пријавиле во полициска станица, а Х. Љ., Е. М., М. М., Џ. М. и Р. М. се приведени. Во текот на вечерта и осомничениот за убиството В. Љ. се пријавил во полициска станица, каде е задржан за понатамошна постапка.
Во соработка со јавното обвинителство се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.