Актуелно 14.02.2019 12:38

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со сочувство за загинатите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата со сочувство за загинатите

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ изразуваат длабоко сочуство до семејствата и сите блиски на загинатите сограѓани во автобуската несреќа на патот Скопје – Тетово.

-Денеска Република Македонија е во огромна болка и тага. Ова е огромна загуба. Мислите на сите нас се со семејствата на загинатите сограѓаните. На повредените граѓани во сообраќајката им посакуваме што побрзо закрепнување, се наведува во соопштението на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.