За 263 проценти пораснал прометот на Македонска берза во првите пет месеци од годината споредено со истиот период лани. Кај акциите има зголемување за 39, на обврзниците за 180, а кај блок трансакциите за над 1.000 проценти.
Според податоците на Македонска берза во овој период најмногу тргувале домашни поединци и фирми, а странците речиси кои биле застапени со помалку од еден процент биле физички лица.
Најинтересни за вложувачите според Берзата се банките кои предначат во добивките, а најголема загуба е забележана во индустријата.
„Банките се главни носители на нето добивката. Во првиот квартал најголема добивка од по околу 16 милиони евра имаат Стопанска Банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје и Комерцијална банка АД Скопје и ваквата состојба е поврзана со случувањата во Фени“ – велат од Македонска берза.
Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком со 6,2 милиони евра, Мермерен комбинат со 4,5 милиони евра, Алкалоид со околу 4 милиони евра, Охридска банка 3,2 милиони евра, Цементарница УСЈЕ 1,5 милиони евра, Макпетрол 1,2 милиони евра и УНИ банка 1 милион евра. Овие 10 компании оствариле нето добивка во првиот квартал од над 70 милиони евра.
Од Македонска берза, велат дека е добро што прометот расте, но што истовремено се чувствува воздржансот од страна на дел од инвеститорите, што ја поврзуваат со актуелната политичка состојба и неизвесноста од решавањето на спорот со името.