Актуелно 29.08.2018 11:51

Предреферендумски „Комунална хигиена“ ќе потроши 1,85 милиони евра за нови вработувања

Предреферендумски „Комунална хигиена“ ќе потроши 1,85 милиони евра за нови вработувања

Комунална хигиена Скопје за привремени вработувања во ек на референдумска кампања ќе потроши 1,85 милиони евра.

Имено на официјалната страница на системот за Јавни набавки е објавен договорво кој како договорен орган стои ЈП Комунална хигиена Скопје и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања, а договорот е во вредност од 113.280.000 денари.

Последниве месеци во јавноста излезе информација за тоа како владата користи одредена шема за вработување на својата партиска војска во државните институции додека на големо ја критикуваше претходната влада за обемна и партизирана администрација. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што остава простор за евентуална злоупотреба и предреферендумски вработувања на „партиски послушници“.

 

Неодамна до нашата редакција стигнаа поплаки дека лицата кои со договор на дело биле вработени во Комунална хигиена на град Скопје и на кој не им е продолжен договорот, биле повикани од одговорните со ветување дека доколку гласаат на престојниот референдум и го поддржат договорот со Грција, истите веднаш ќе бидат вратени на работа.

Како дополнитело ветување им било дадено дека доколку успее референдумот тие ќе бидат трајно вработени.

Се работи за неколкумина претходно ангажирани од Шуто Оризари, но има такви и од други општини од градот Скопје.