Актуелно 18.08.2018 14:05

Предреферендумски вработувања се нижат: Одбрана ќе потроши 6 милиони денари за привремени вработувања

Предреферендумски вработувања се нижат: Одбрана ќе потроши 6 милиони денари за привремени вработувања

На официјалната страница на системот за Јавни набавки има објавено оглас во кој под назив на договорениот орган стои Министерството за Одбрана  и во овој оглас како предмет на договорот на јавна набавка стои набавка на услуги за привремено вработување од Агенција за привремени вработувања. Министерството за Одбрана планира да потроши 6 милиони денари или околу 100 илјади евра за привремено вработување на 30 лица.

Неодамна во јавноста излезе информација за тоа како владата користи одредена шема за вработување на својата партиска војска во државните институции додека на големо ја критикуваше претходната влада за обемна и партизирана администрација . Според упатените најлесно да се вработи партиски кадар, а да не биде преку оглас е да се ангажира преку договор за привремено вработување, па по неколку месеци да се вработи со договор на неопределено.

Разликата меѓу редовното вработување и она што е со привремено вработување е што секој што сака да се вработи во државната администрација треба прво да се пријави на оглас за чие одобрување треба да даде министерот за финансии и да се поминат сите филтри како интервју за работа и исполнување на одредени критериуми и стандарди. Но кај оние со привремени вработувања доволно е да се ангажира Агенција за привремени вработувања, која оди во ставка “услуги“ на која ќе и се се исплати одреден надоместок за нејзината улога и толку.

Други критериуми и квалификации не се потребни. Најважната работа кај овие вработувања е што овие договори од привремени со постоечкиот закон се трансформираат во договори на неопределено време, што остава простор за злоупотреба и вработување на „партиски послушници“.