Актуелно 17.01.2025 08:17

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

Премиерот Мицкоски ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце

По повод завршување на градежните работи на делницата Куманово – Бељаковце (Коридор 8 Источна делница) премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе ја пушти во употреба железничката пруга Куманово – Бељаковце.

Пругата Куманово – Бељаковце е со должина од 30,8 километри и на неа се изградени три нови железнички станици (Ново Куманово, реконструирана постоечката железничка станица Куманово, 6 стојалишта, 5 мостови, 1 тунел, пропусти со различен дијаметар, заштита на наклони, одводни канали, пристапни патишта, звучни бариери, потпорни ѕидови, горен строј и сигнализација и телекомуникација. На железничките станици и стојалишта е инсталирана сигнално-телекомуникациска опрема во вредност од 10 000 000 евра, алуминиумски седишта, челични настрешници, дисплеи, лед осветлување.

Како што информирара владината прес-служба, новинарите ќе имаат можност заедно со премиерот Мицкоски и министерот за транспорт Николоски да ја извозат со локомотива новоизградената железничка пруга.