Ве известуваме дека утре 29.01.2025 година (среда) претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски ќе присуствува во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“ (Сина сала бр.54) каде ќе се симулира сајбер хибриден напад, при што ќе бидат свечено примопредадени минимум сајбер безбедносни стандарди за владините институции на кои се работеше во соработка со Амбасадата на Обединетото Кралство. По настанот, во 11:45 часот изјава за медиуми ќе даде премиерот Мицкоски, соопштија од владиниот кабинет.