Актуелно 13.02.2026 08:59

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција

Премиерот Мицкоски на 62. Минхенска безбедносна конференција

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде ќе учествува на 62-та Минхенска безбедносна конференција на која, како што соопшти владината прес служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски и за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во рамки на конференцијата, шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на Северна Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НАТО.

На маргините на Минхенската безбедносна конференција се планирани и средби со високи претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади, најави владината прес-служба.