Живот 29.10.2018 13:34

Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дојка

Преработеното месо го зголемува ризикот од рак на дојка

Ново истражување на Универзитетот Харвард посочува дека преработено месо, како што се шунката, колбасите и сланината, за девет отсто ја зголемува веројатноста да се развие рак на гради кај жената. Научниците спровеле анализа на податоци кај 1,2 милиона жени.

– Проучувањето покажа значителна поврзаност меѓу јадењето обработено месо и ризикот од рак на градите. Намалувањето на консумацијата на обработено месо, пак, се чини полезно за превенцијата од ракот на гради, изјави раководителката на истражувањето, д-р Маријам Фарвид од Харвард.

Сепак, сето тоа треба да се земе со резерва, оти тоа остава „многу неодговорени прашања” и не докажува дека поголемата консумација на преработено месо води директно до рак на градите, смета проф. Кевин Мекконвеј од британскиот Отворен Универзитет.