Живот 26.10.2018 09:22

Претежно сончево и потопло

Претежно сончево и потопло

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и потопло. Преку денот ќе дува умерен југоисточен, а во западните делови повремено засилен југозападен ветер. Минималната температура во земјава ќе се спушти во интервалот од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 15 до 23 степени.

Во Скопје, сончево со умерен ветер од југоисточен правец.  Утрсинската температура че се спушти до 2два степени, а дневната ќе достигне 20 Целзиусови степени.

За време на викендот времето ќе биде стабилно и потопло со умерен, повремено засилен јужен ветер. Температурата на воздухот ќе има тенденција на покачување, освен утре кога се очекуваат пониски утрински температури. Во почетокот на следната недела ќе има зголемување на облачноста со повремен локален дожд