Актуелно 23.07.2018 16:11

Прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ за пржинска Влада, закон за финансирање на партии и услови за избор на ДИК

Прифатени барањата на ВМРО-ДПМНЕ за пржинска Влада, закон за финансирање на партии и услови за избор на ДИК

 

Премиерот Зоран Заев на пауза од лидерската средба истакна дека се прифатени барањата на опозицијата за техничка влада според пржинскиот договор.

-Уште пред потпишување на Договорот со Грција ги прифативме условите за избор на ДИК. Уште пред лидерските средби, работни групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ го усогласија текстот на новиот предлог Закон за финансирање на политичките партии со вклучени предлози на опозицијата. Денес го прифативме и барањето на ВМРО-ДПМНЕ да се направат законски измени кои ќе овозможат  техничка влада да ги спроведува секои парламентарни избори со формат идентичен на пржинскиот. Согласно тоа, се договоривме денеска да заврши лидерската средба, да нема нејзино одложување, но како ќе се договориме зависи од сите нас внатре, истакна Заев.

Денеска ќе се повлече законот за ДИК од Собрание и ќе се носи сосема нов.

Вториот дел од денот, на лидерската средба ќе се разговара за прашањата поврзани со референдумот, каде се очекуваат напорни преговори

Најнови вести