80-годишен маж седел на каучот во својата куќа заедно со својот 45-годишен високо-образован син. Одеднаш едно врапче слетало на прозорот.
Таткото го прашал синот: „Што е тоа?“ Синот одговорил: „Тоа е врапче.“ По неколку минути таткото пак прашал: „Што е тоа?“, а синот рекол: „Па само што ти кажав, тоа е врапче.“ По некое време, старецот повторно го прашал синот: „Што е тоа?“
Во тој момент, синот го повишил синот и рекол: „Тоа е врапче, ВРАПЧЕ!“ После некое време, таткото пак рекол: „Што е тоа?“
Овој пат, синот збеснал и почнал да се дере: Зошто цело време одново ми го поставуваш истото прашање, иако веќе неколку пати ти кажав дека е тоа е ВРАПЧЕ? Толку не можеш да разбереш?“
Малку подоцна, таткото отишол во својата соба и се вратил со стариот искинат дневник во кој пишувал кога се родил неговиот син. Отворајќи ја страната, го замолил синот да прочита што пишува. Кога синот прочитал, во дневникот биле запишани следните реченици:
„Денес мојот мал син кој има три години, седеше со мене на каучот и одеднаш, на прозорецот слета едно врапче. Мојот син 23 пати ме праша што е тоа и јас 23 пати му одговорив дека тоа е врапче. Секој пат кога ќе ми го поставеше истото прашање ќе го прегрнев со љубов. Воопшто не се чувствував иритирано, туку чувствував наклонетост кон своето недолжно дете.“
Додека малото дете 23 пати прашало: „Што е тоа?“, таткото не се изнервирал во одговарање на истото прашање, а кога денес 4 пати го поставил истото прашање, синот бил иритиран и лут.
Кога ќе остарат вашите родители, не ги отфрлајте и не ги гледајте како товар, бидете внимателни кон родителите. Тие за вас се грижеле кога сте биле мало дете и несебично ве сакале