Џихадист во обид, Хуснаин Рашид признал дека апелирал на своите следбеници да го нападнат принцот Џорџ во училиште.
Триесетидвегодишниот следбеник на Исламската држава во Британија исто така поттикнувал бомбардирање на фудбалските мечеви на апликацијата за допишување Телеграм, а обвинет е дека барал од следбениците да вбризгуваат отров во сладоледите.
Тој водел онлајн канал под името „Осамениот муџахедин“ поради што обвинителката Анабел Дерло рекла на поротниците дека Рашид охрабрил напади на различни мети.
Обвинителите рекле дека на еден пост на Рашид се наоѓа фотогорафија на принцот, адреса на неговото училиште, силуета на џихадистички борци и пораки „дури ни кралското семејство нема да биде оставено на мира“.
Рашид на полеокто негирал дека подготвува тероситчки дела, дека поттикнувал тероризам и ширел терористички публикации.