Актуелно 13.03.2019 13:03

Притвор поради бегство на локација која не постои- Дали службените белешки стануваат аргументи за притворање како во 49- та?

Притвор поради бегство на локација која не постои- Дали службените белешки стануваат аргументи за притворање како во 49- та?

Повторно со фабрикувани белешки, без докази и аргументи се притвораат луѓе, коментираат упатените откако доцна вчера беше притворен Митко Чавков, кој во документите приложени во решението за притвор е лишен од слобода само врз основа на службена белешка во која нема докази, ниту аргументи, а се однесува на информација дека Чавков ќе бегал во Грција, што одава впечаток дека се работи за фингирана белешка, која има за цел оправдување на прогонот и тортурата.

Од информациите приложени во решението, се гледа дека обвинителството нема ниту еден аргумент. Во прилог го објавуваме решението за притвор до кое дојде нашата редакција.

Семејството на Чавков пак тврди дека тие не поседуваат никаква вила на Халкидики. Велат измислена е вилата, а тој што го сторил тоа „ќе си лежи“.

-Ќе си лежи оној кој што ја измислил вилата на Халкидики. Не знам дали тие што му дале задача да измисли една таква службена белешка, му објасниле какви ќе бидат последиците кон него – пишува ќерката на Чавков, Зорица Чавкова, на својот фејсбук профил.

Случајот со притворање врз основа на фингирани белешки според упатените станува препознатлива пракса за власта. Имено и при притворањето на Миле Јанакиески и Кирил Божиновски, беше објавена службена белешка, според која двајцата барале преку посредник средба со претседателот Иванов, со цел на истата Иванов да ги помилува. Информацијата подоцна беше демантирана лично од претседателот, но и од адвокатите на обвинетите.

Од кабинетот на Иванов тогаш информираа дека станува збор за конструкција на лаги врз основа на претпоставки. Сето ова, велат од таму, претставува груба полициска манипулација и инволвирање полициски службеници, со што се извршени кривични дела злоупотреба на службената положба и овластувањето, фалсификување исправа, употреба на исправа со невистинита содржина.

Адвокатот на обвинетите Еленко Миланов кажа дека е нејасно зошто би му бил потребен посредник на Јанакиевски со шефот на државата Иванов , кога лично тој двапати учествувал во неговата кампања за претседател, а Божиновски имал висока позиција во Владата за која не му е потребен посредник за средба.

Најнови вести