Актуелно 17.12.2018 13:01

Проблеми со дишните патишта причина за патувањето на Александар Трајковски во Будимпешта

Проблеми со дишните патишта причина за патувањето на Александар Трајковски во Будимпешта

Во Кривичен суд во тек е јавна отворена расправа за предметот на СЈО „Општина Центар”.

Пред почетокот на доказната постапка со изведување на сведоци, обвинителката Фатиме Фетаи побара од советот, обвинетиот Александар Трајковски да му објасни на судот која е целта на неговото патување во Будимпешта, и да ја објасни сликата на која тој е со Никола Груевски.

Трајковски рече дека причина за неговото патување во Унгарија е поради болест.

Тој имал проблем со дишните патишта односно намален капацитет на белите дробови, особено во зимскиот период.

-Отидов во Будимпешта да барам второ мислење за мојата болест. Унгарија како понапредна држава од Македонија и членка на ЕУ има и понапредно здравство. Побарав мислење од доктори и за тоа имам и документација што ќе ја доставам до судот. Во Будимшешта заминав самоиницијативно на своја воља, рече Трајковски.