Економија 11.06.2018 12:57

Продажната цена на праските падна на 2 денари по килограм земјоделците пред банкрот – Земјоделието пред колапс

Продажната цена на праските падна на 2 денари по килограм земјоделците пред банкрот – Земјоделието пред колапс

 

Производителите на праска од Росоман се жалат на екстремно ниските откупни цени на праската кои изнесуваат катастрофални 2 денари по килограм праска за сокови. Ваквите цени ги донесоа производителите на праска до работ на егзистенцијата и банкрот. Со оваа откупна цена не може ни да се вратат вложените пари велат производителите, а некои од нив пак се сеќаваат на подобри времиња и велат дека во минатото откупните цени биле многу повисоки, а нивниот бизнис цветал.

Дел од нив гледаат поврзаност и со партијата на власт па така врие од вакви коментари по социјалните мрежи. Последниот пост, на Фејсбук страницата ,, Росоман денес’’ вели ,, Праска за сок: ВМРО-2016-8 ден, СДСМ- 2017 – 3 ден, СДСМ 2018 – 2 ден, Дојде Живот!!!’’. Доколку навистина ги погледнете откупните цени на праската за сок во минатото ќе дојдете до истиот заклучок, откупните цени на праската за сок денес се за четири пати помали од откупната цена во 2016 година.

Најнови вести