Актуелно 09.07.2018 10:53

Продолжува спасувачката акција на Тајланд

Продолжува  спасувачката акција на Тајланд

На Тајланд денеска продолжи операцијата за спасување на децата од пештерата, каде се заглавени веќе две недели.

Во пештерата има уште осум деца и нивниот тренер.

Во пештерата Там Луанг има и девет членови на спасувачкиот тим, откако вчера тајландски и странски нуркачи усепшно извлекоа четири деца од пештерата.

Децата, на возраст од 11 до 16 години, кои беа сместени во еден фудбалски камп, и нивниот тренер заминале на разгледување на пештерата на 23 јуни, меѓутоа обилните монсунски дождови предизвикаа поплавување на пештерата и тие останаа заглавени во неа.

На еден искусен нуркач за пристап до местото на кое се наоѓаат децата и враќање назад, му се потребни 11 часа. Рутата е долга неколку километри и минува низ матна застоена вода, тесни канали, скали и други препреки. На некои места видливоста во водата е речиси нула. (МИА)