Економија 12.07.2018 12:25

PepsiCo забележа одлични резултати во изминатиот квартал

PepsiCo забележа одлични резултати во изминатиот квартал

PepsiCo забележа одлични резултати во изминатиот квартал, што е индикатор дека загрозениот бизнис на газирани пијалоци на компанијата е во постепено закрепнување. Една од причините за тоа е дуплирањето на промотивните активности на газираните пијалоци со што акциите достигнаа највисоко ниво во последните седум години, јавува Reuters.

Продажбата на пијалоците во Северна Америка падна 0,95%, што е најмал пад за четири квартали, благодарение на тоа што компанијата се “тркаше“ со ривалот Coca-Cola во маркетинг и ценовна политика и лансираше кампања да ја врати во живот продажбата на газирани пијалоци. Приходот на компанијата порасна за 2,4% на 16,09 милијарди долари од кои 5,19 милијарди долари дојдоа од бизнисот на пијалоци и ги преминаа очекувањата на Вол Стрит.

PepsiCo ги намали трошоците на одборот и повторно ги пушти под франшиза своите операции со пијалоци во Тајланд. Така, компанијата заработи 1,61 долар по акција со што ги надмина очекувањата на аналитичарите на 1,52 долари по акција.