Ниската откупна цена на јачменот ќе го изеде трудот на македонскиот земјоделец. Најавените шест денари од килограм јачмен е срамно и неприфатливо, реагират од Асоцијацијата на земоделци. Тие бараат во преговорите помеѓу нив и мелничарите да се вклучи владата и да понуди решение подеднакво добро и за двете страни.
Најавите од мелничарите дека ќе стагнираат со откупот на лебното жито земјоделците ги стави во безизлезна состојба. Немањето простор за складирање на приносите од овогодинешната реколта директно ќе влијае на откупната цена. Иако најдоцна до 10 мај ресорното министерство требаше да даде одговор дали ќе помогне во обезбедување на сместувачки капацитети, но и да каже дали во надминување на кризата ќе ја вклучат и Агенцијата за стоковни резерви од таму се уште молк, децидни се од Асоцијацијата.
Годинава се очекува богата реколта. Пресметките на земјоделците покажуваат дека од еден хектар може да се ожнеат од 3 до 5 тони јачмен, за разлика од лани кога од истата површина одвај успеаваа да ожнеат 1000 килограми.
Извор: Алфа