Пробајте ја оваа пролетна диета и уживајте во нејзините благодети. Диетата се држи 2 недели, постојат две варијатни кои се повторувааат една по друга.
Опција 1
Појадок: чај или минерална вода со лимон, 2 зелени јаболка
10 часот: 2 парчиња двопек, намачкани со обезмастена урда, 1 чаша свежо цеден сок
Ручек: зелена салата, 1 чаша варен ориз или хељда, 150 г риба на скара, 1 варено јајце
16 часот: 1 варен компир
Вечера: супа од зеленчук со 1 двопек
Пред спиење: 1 чаша нискомаслено млеко или билен чај
Опција 2
Појадок: 1 парче интегрален леб со парче посна шунка, кафе со нискомаслено млеко
Ручек: печен компир или обарена зелка со малку печено пилешко
Ужина: еден ред црно чоколадо
Вечера: 200 г пилешко или риба приготвени без масло со зелена салата
Чоколадо, сладолед и други слатки, грицки и слично се забранети. Зголемете ја количината на внесени течности, преку вода или билни чаеви. Алкохолот е забранет, дозволена е само една чаша бело или црвено вино неделно.