Живот 11.12.2018 13:51

Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска променливо облачно и студено

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено, на места со провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Максималната температура ќе се движи од -1 до 7 степени.

Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.

Утре изутрина ќе биде ведро и студено со негативни утрински температури, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. В четврток на места ќе има врнежи претежно од снег со слаб до умерен интензитет, особено во јужните делови. В петок и сабота по котлините ќе има појава на магла.