Живот 26.12.2018 17:09

Пронашол Шанел чанта со 10.000 долари па ѝ ја вратил на сопственичката

Пронашол Шанел чанта со 10.000 долари па ѝ ја вратил на сопственичката

Еден жител на Њујорк во метро пронашол Шанел чанта со 10.000 долари и порака на руски јазик, па ѝ ја вратил на сопственичката.

– Ја зедов чантата за да видам дали има податоци за сопственикот, па да стапам во контакт со него и да му ја вратам, изјави чесниот наоѓач Ричард Таверн, додавајќи дека во тоа му помогнала пораката напишана на руски јазик.

Но, бидејќи не разбирал руски, ги распослал парите на маса и ги сликал. Потоа, ги однел во блиската полициска станица во Менхетен.

На истото место, во исто време се нашла и жената што ја загубила чантата пред да тргне на одмор во Русија. Така, приказната имала среќен крај.

На крајот од изјавата за медиумите, Таверн рече дека не направил ништо спектакуларно, но дека се чувствува добро затоа што знае дека постапил најправилно.

Најнови вести