Станете победник на финансиски план со Coinbet24
Кога човек ќе погледне наназад, има стотици пропуштени можности, без разлика дали тоа се инвестиции, поранешна љубов, шанса за патување, па и обложување на еден натпревар. Затоа во светот има многу лекции од кои можеме да научиме.
1. Пропуштената шанса од 50 милијарди на ко-основачот на Apple
Во една гаража во 76та, група на дечки започнале со своја компанија, која евентуално ќе го смени светот. Покрај Стив Џобс и Стив Вознијак, кои сите ги знаат, имало уште еден основач, а тоа е Роналд Вејн.
Причината поради која никој не го знае Роналд е тоа што по само две недели своите 10% од акциите ги продал за 800 долари, а денес тие би вределе околу 55 милијарди долари.
Ова колку и да звучи како едноставна грешка мора да се земе во предвид што се случувало во тие први две недели кога Џобс почнал да се позајмува пари, а Роналд веќе година пред тоа банкротирал со друг бизнис. Секоја инвестиција, секое вложување на пари има ризик, работата е само кој може да го преземе. Како што рекол Вејн во 2011, „Ако останев со нив, ќе бев најбогатиот човек на гробиштата.“
2. Кога едноставно не можеш да го фатиш YouTube
Рид Хофман е инвеститор во PayPal, Facebook, Zynga и Groupon. Тој е воедно и ко-основач на LinkedIn и е познат по неговиот златен допир, но и богатството од 1.8 милијарди во 2012. Сепак, тоа можело да е уште поголемо доколку успеел да се договори за 30% учество во YouTube и со тоа изгубил 495 милиони долари.
Работата е што тој уште жали поради овој договор затоа што знаел дека е добра шанса, но нешто не му дало да продолжи понатаму. Недоволната мотивација, иако сигурен во исплатата на ризикот, му загубила голема сума на пари. Некогаш и кога сме сигурни во нешто треба да одиме до крај за да го обезбедиме.
3. Битлси немаа никаква иднина во шоу бизнисот
Мајк Смит, извршниот директор за проценка на таленти во Decca Records бил во Ливерпул, Англија, во 62ра и ги слушал едни момци како свират на бината и бил импресиониран од нив. Тие имале огромен талент, па затоа ги однел во студиото во Лондон на аудиција. Тие отсвирале 15 песни, се вратиле во Ливерпул и го чекале неговиот одговор. После некое време им дошло писмо од Decca кое велело, „гитарите веќе не се популарни“ и „Битлси немаат никаква иднина во шоу бизнисот“.
Поради ова не смееш никогаш да се откажеш од некој само поради тоа што нешто било направено и претходно. Точно е дека бендовите со гитари веќе не биле популарни во тоа време, но Битлси имале толку многу талент, нешто што Мајк знаел, и тие го редефинирале жанрот и станале еден од најпопуларните бендови во историјата.
Има илјадници можности и многу е лесно да се увиди зошто се пропуштени. Сите тие може да се надградат и да се зголеми добивката. Такви се и можностите кои ги нуди Coinbet24 со бонусот од 6000, Екстра тикетот +20% и облогот без ризик. Оваа онлајн обложувалница која е целосно на македонски брзо ги направи голем дел од своите членови победници на овогодинешното светско првенство во фудбал. Сега прашањето е дали ќе ја отвори можноста да се освои моментот на животот. За да не се потсетувате на оваа шанса посетете ја официјалната Фејсбук фан страна