Финансии 17.12.2019 16:31

Просечната октомвриска нето плата во Словенија 1.122 евра

Просечната октомвриска нето плата во Словенија 1.122 евра

Просечната нето плата исплатена во Словенија за октомври 2019 година изнесува 1.122 евра, што е номинално повеќе за 1,6 отсто, а реално за 1,5 отсто во однос на претходниот месец.

На годишно ниво, словенечката плата за октомври е зголемена за 3,3 отсто номинално.

Новите податоци од Централниот завод за статистика покажуваат дека просечната бруто-заработка за октомври се зголемила за 1,7 отсто на номинална и за 1,6 проценти на реална основа на 1.742 евра во однос на септември и 3,9 отсто во однос на октомври 2018 година.

Просечната нето плата во приватниот сектор е поголема за 2,3 проценти во однос на септември и 0,4 проценти во јавниот сектор.

Највисока просечна месечна нето плата од 1.593 евра е исплатена во индустријата за снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, а најниска во административните и помошните услужни дејности, 814 евра.