Актуелно 24.09.2018 15:34

Просечната плата се намалува три месеци по ред

Просечната плата се намалува три месеци по ред

Просечната плата се намалува трет месец со ред. Во јули според статистика изнесувала 24.072 денари што е за 131 денар помалку од јуни. Во мај, кога почна трендот на намалување просекот беше највисок и изнесуваше 24.509 денари.

Најголемото намалување на платите е забележано во трговијата (3,8) и во преработувачката индустрија (2,1). Токму тука се исплаќаат и најниските просечни плати. 15.057 е просекот на работниците во кожартвото, а 15.593 во производствто на облека. Убедливо најниските плати во јули од 13.128 денари биле исплатени во заштитините и истражните дејности односно кај лицата кои работат во обезбедување.

Експерите велат дека намалувањето од близу 500 денари за три месеци не треба да загрижува затоа што е од сезонски карактер. Во летните месеци, просечната плата редовно се намалува, но на годишно ниво бележи раст од 6,2%.

Ова го потврдуваат и од МФ, од таму велат дека „Растот на прсечната плата во најголем дел се должи на покачувањето на минималецот лани во септември. Владата и приватниот сектор мора заедно да го поддржат овој тренд на раст на платите. Тоа е единствен начин да се подобри животниот стандард  бидејќи најголем дел од граѓаните живеат од својот труд и немаат други приходи“.

Извор: Сител